Џенифер Анистон има ново момче, добро познато на сите

Џенифер Анистон (52) и Дејвид Швимер (54) се колеги и добри пријатели од сетот на серијата „Пријатели“, која се снимаше 10 години.

Иако Џенифер и Дејвид никогаш не биле во врска, на сите на сетот им било јасно дека помеѓу двајцата актери постои силна привлечност.

Како што тврди магазинот „Клосер“, актерот кој инаку живее во Њујорк, во последно време поминува многу време во вилата на Џенифер во Лос Анџелес, а дополнително се зближиле по неодамнешното повторно собирање на „Пријатели“, серијата во која тие беа пар.

– По повторното собирање стана јасно дека сеќавањата на минатото ги разбудило чувствата кај двајцата и дека хемијата која секогаш ја криеја сè уште е присутна. Почнаа да си праќаат емотивни пораки веднаш по снимањето, а минатиот месец Дејвид од својот дом во Њујорк одлета за Лос Анџелес за да ја види Џен – изјавил извор близок до парот за „Клосер“.

Наводно, Дејвид поминува доста време кај Џенифер, добро се забавуваат и уживаат во заедничките вечери.

Дејвид Швимер тогаш признал дека бил вљубен во Џенифер Анистон додека ги глумеле Рос и Рејчел, а таа додала дека и самата била вљубена до уши во својот колега.

Сепак, Швимер истакнал дека еден од нив секогаш бил во врска со некој поради што не ги преминале границите на пријателството.

„Своето восхитување и љубовта ги насочивме кон Рос и Рејчел“, изјавил Швимер.

Во меѓувреме, Швимер побрза да ги демантира тие наводи, додека, пак, нивните обожаватели се пресреќни и веќе прават планови за новата љубовна двојка.