И Алијанса за Албанците и Алтернатива откажаa учество на прославата за Рамковен

И Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива нема да учествуваат на централната манифестација посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор што ќе се одржи утре во Хотелот Александар Палас, потврдува за „Слободен печат“ координаторот на пратеничката група на АА и Алтетрнатива, пратеникот Скендер Реџепи.

Охридскиот договор беше причина за прекин на вооружениот конфликт. Но, овој договор мораше целосно да се имплементира до крајот на 2004 година и за жал и по 20 години имаме многу сегменти што не се имплементирани од истиот. Замислете, беа потребни 20 години да се најде оригиналот на пишаниот документ, а камоли да се спроведе. Затоа, нема да учествуваме на овој настан бидејќи сметам дека е недемократско да се манифестира недовршен договор, вели Реџепи.