
Граѓаните во Македонија како најголем проблем ја посочуваат економската ситуација во државата во анкетата на Националниот демократски институт (НДИ) од САД. За ова се изјасниле 20 отсто од испитаниците на анкетата.
Како втор проблем се посочува вработувањето, односно креирањето на нова работа, за што се изјасниле 17 проценти. Потоа следат здравјето 11 отсто и Ковид-19 10 проценти.
Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 2.410 испитаници, со маргина на грешка +/- 2%, преку CAPI и CAWI телефонски и интернет анкети. Нарачано од НДИ, а спроведено во Македонија од страна на ИПСОС во март и април годинава.
Истражувањето е спроведено телефонски. Оттогаш во Македонија се случи повторниот бран на корона, немањето на вакцини па за очекување е поддршката за власта да се намалува.
И како капак на се ги имаме пожарите, каде власта во недостик на опрема и кадар беше принудена да бара помош од неколку земји.
НДИ од САД важи за близок до администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.