Теута Арифи позитивна на коронавирус – Пред месец и половина примила втора доза вакцина

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи е позитивна на ковид -19. Информацијата Арифи ја соопшти на својот Фејсбук профил со појаснување дека пред еден и пол месец била вакцинирана.

„Вчера по некои мали здравствени проблеми, бев тестирана и позитивна сум на ковид-19.
Почитувајќи ги здравствените протоколи, во наредните денови ќе останам во самоизолација добивајќи ја потребната терапија“, пишува Афири на Фејсбук.

Таа информира дека втората доза од вакцината ја примила пред повеќе од еден и пол месеци.

„Благодарение на вакцинацијата досега имам само мали симптоми, затоа ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што е можно поскоро“, порача Арифи.