ФОТО: Вака ќе изгледа пешачкиот мост што ќе го поврзе „Скендербег“ со МНТ

На есен почнува изградбата на пешачки мост кој ќе го поврзе плоштадот „Скендербег“ со новиот објект на Филхармонијата и Македонскиот народен театар. За една недела, треба да се објави тендерот за избор на изведувач, кој за една година би требало да ги заврши градежните активности. Со ова ќе се реализира втората фаза од проектот, а во третата и последната фаза треба да се направат подземни паркинзи кои ќе го поврзат објектот „Илинден“ со дел од ТЦ „Мавровка“.

Како штообјасни раководителот на Секторот за урбанизам во Општина Чаир, Џингис Хана, плоштадот над булеварот Гоце Делчев ќе ја има потребната висина за слободно да поминуваат автобуси и камиони. Одозгора на плоштадот, ќе има фонтана, урбана опрема и клупи.

Додека трае покривањето на булеварот на потегот од улицата Филип Втори до стоковната куќа „Мост”  сообраќајот ќе биде пренасочен.

За изградбата на овој плоштад, уште од самиот старт се водеа јавни дебати за тоа како проектот да се вклопи со концептот на старата скопска чаршија, како спој на две целини – една модерна и една стара со доста карактеристична градба.

Утврденото урбанистичко решение, предвидува паркиралишта во подземните делови, градска тераса над веќе постојните дуќанчиња, фонтана и амфитеатар пред платото на Даутпашиниот амам.
Околу 30 отсто од површината на плоштадот ќе биде хортикултурно уредена, а останатиот дел ќе се поплочува.

 

ПРОСТОРЕН ПРИКАЗ 1 (1) ПРОСТОРЕН ПРИКАЗ 3