Се трага по малолетникот кој исчезна во водите на Вардар

Вчера околу 16.00 часот во Полициската станица Неготино, З.Ј.(39) пријавил дека неколку малолетници влегле во реката Вардар, при што еден од нив, од с.Пепелиште, неготинско, не бил виден да излезе од водата.

Полициски службеници и припадници на специјалната нуркачка единица трагаат по лицето.