Во април годинава во Македонија првпат е регистрирано производство на електрична енергија од ветерни електрични централи, коешто во мај учествува со 1,4 проценти во вкупното бруто-домашно производство на електрична енергија, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во мај годинава во Македонија е евидентирана вкупна потрошувачка од 639.152 мегават часови eлектрична енергија, 3.400 милиони нормални метри кубни природен гас, 643.654 тони јаглен и 72.709 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 72 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, а 96,4 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.