Јуниорите не се пласираа во 1/4 финалето на ЕП во Австрија

Македонската јуниорска ракометна репрезентација го претрпе и вториот пораз на Европското првенство во Австрија. Избраниците на селекторот Зоран Петковски, во 2. коло од А група се поразени од селекцијата на Франција со 25:22, со што ги загубија шансдита за пласман во четвртфиналето на турнирот.

Црвено – жолтите до крајот на групната фаза ќе играат уште против Норвешка в недела од 18.00 часот
Најдобар играч во македонскиот тим на натпреварот со Французите беше голманот Филип Ивановски со 13 одбрани.