Кочанчанец лишен од слобода поради напад на полицаец

На 16.08.2021 во 02.50 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Р.(20) од Кочани затоа што пред угостителски објект физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.