
До премиерата останаа нешто повеќе од осум месеци, но додека го чекаме целиот филм, еве прилика да погледнеме во кадрите на долгоочекуваниот „50 нијасни сиво“.
Ова е долгоочекувана филмска адаптација на бестселерот кој стана светки феномен.
Од издавањето, трилогијата „Педесет нијанси“ е преведена на 51 јазик и продадена во преку 100 милиони примероци со што стана серијал кој е најбрзо продаден во најголем број примероци.
Главните улоги се Кристијан Гејл и Анастазуха Стил, кои станаа икони на милиони читатели, доверени се на Џејми Дорнан и Дакота Џонсон.
Покрај нив, тука се и Лук Грајмс како и Елиот, братот на Кристијан, Виктор Расук како Хозе, другарот на Анастазија, Елиоз Мамфорд како Кејт, најдобрата другарка на Анастазија и нејзина цимерка, Маша Греј Харден како мајката на Кристијан, Рита Ора како Мила, сестрата на Кристијан, Макс Мартини како Тејлор, бодигардот на Кристијан, Калум Кит Рени како Реј, очувот на Анастазија.
Светот премиерно ќе има прилика да го види „50 нијанси сиво“ на Денот на вљубените 2015 година.