Лидерот на Десниот сектор на листата на Интерпол

Лидерот на украинската радикална националистичка организација Десен Сектор Дмитро Јарош е ставе н на листата на најбараните криминалци на Интерпол, соопштила денес агенцијата на својот сајт, пренесоа медиумите.

Јарош, еден од истакнатите активисти во насилните случувања кои ја потресоа Украина од минатиот декември, обвинет е за јавно повикување на тероризам вклучувајќи и повици преку масовни медиуми.

Налогот за апсење е издаден на барање на Руската Федерација.

Интерпол објави две негови фотографии на својот сајт. Од сите кои имаат некакви информации за Јарош се бара тоа да го пријават на полициските агенции.