Ашраф Гани, кој фактички од функцијата претседател на Авганистан и во неделата побегна од земјата, го објаснува своето бегство со цел да се спречи крвопролевање во видео-пораката објабена на неговиот фејсбук профил.
Гани ги потврдува информациите претходно од средата дека во моментов се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати.
„Поединостите за она што се случи на денот на падот на Кабул ќе ги раскажам подоцна… Бев принуден да го напуштам Авганистан, бидејќи не сакав да станам причина за крвопролевање во главниот град“, вели Гани додавајќи дека „го барале“. „Бев во дворецот кога обезбедувањето ми кажа дека се случува нешто како државен преврат кога талибаните влегоа во престолнината“, тврди Гани.
Истакна дека претставниците на талибаните ветиле дека нема да влезат во Кабул, но претходно го опколиле претседателскиот дворец. Тој, исто така, истакнува дека преговарал со талибаните да се осигури безбедноста на Кабул и мирен трансфер на власт. Притоа Гани ветува дека наскоро ќе се врати во земјата.
Авганистанскиот политичар чија оставка упорно ја бараа талибаните за да ги продолжат меѓуавганистанските мировни преговори, во пораката истанува дека не се смета себеси за предавник. Авганистанскиот амабасадор во Таџикистан во средата тврдеше дека Гани со себе понел 169 милиони долари, а неговото бегство од Канул го нарече „предавство на татковината и народот“.
„Не ја изневерив својата татковина и ги молам сите да не им обраќаат внимание на гласините, ние сакавме мир за Кабул и не сакавме тој да биде разурнат, навистина се надевам дека војната во Авганитан ќе заврши. Нашите вооружени сили не се одговорни за овој неуспех, тој целсно е на товар на политичарите“, додаде Гани во видеото.
„Наводите дека го напуштив Кабул со пари не се точни“, рече Гани според кој до него стасале информации дека се подготвува заговор против него и дека владини функционери го советувале да замине.
„Јас сум во Емиратите, но во скора иднина ќе се вратам во својата земја“, вели Гани посочувајќи дека пред да се врати во татковината „ќе се консултира со другите“.
Гани рече и дека ќе продолжат напорите „да се постигне правда за Авганистанците“, како и дека има намера да се бори за интересите на авганистанскиот народ.
Додаде дека ги поддржува преговорите меѓу талибаните кои ја преземаа власта во Кабул и поранешните високи авганистански функционери, додавајќи дека е „во преговори а враќање во својата земја.
„Ја поддржувам владината инцијатива за преговори со (претходниот претседател) Абдула Абудала и поранешниот претседател Хамид Карзаи. Го посакувам успехот на овој процес“, додава Гани во видео-пораката.