
Најзвучното летно засилување на италијанскиот калчо гигант Интер, српскиот интернационалец Немања Видиќ откри дека сака во новата клупска сезона да соработува со поранешниот тимски колега од редовите на Манчестер Јунајтед, Хавиер Хернандез, кој е попознат како Чичарито.
Освен што му посака добродојде на мексиканскиот интернационалец, Видиќ откри дека “нероазурите” имаат амбиција да слават во најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.
„Одговорните лица ќе се потрудат околу можниот трансфер, како и да е, Чичарито е одличен за кој било клуб. Во Интер е добредојден. Мацари е врвен тренер кој ужива да победува. Задоволство е да се работи со Италијанецот. Во тимот е одлично. Вредно тренираме, ќе се потрудиме да бидеме конкурентни во текот на целата сезона. Во нашиот фокус е Лигата на Европа и ќе се обидеме да го освоиме тој пехар. Можеби Лигата на шампионите е престижна, како и да е, клубовите и во овој ранг се врвни”, изјави централниот дефанзивец.