
Големи пофалби за младата докторка од Струмица, Елена Китанова, која во Дојран успеа да спаси млада девојка која за ќе се удавела во водите на Дојранското Езеро.
-Сакам да го пофалам медицинскиот тим од Струмица, докторката Елена Китанова и сестрата кои беа дежурни во Дојранската амбуланта и несебично и упорно се бореа и го спасија животот на младата девојка која беше удавена во водите на Дојранското Езеро и беше без знаци на живот. Нивната упорност и’ го вратија животот назад на девојката. Таква несебична борба за спасување на човечки живот треба да биде пример за сите лекари – пишуваат на фејсбук граѓаните кои биле присутни.
-Несебично и упорно се бореа и го спасија животот на девојката која беше удавена без знаци на живот. Но, тие беа многу многу упорни и не се откажуваа и фала му на господ го спасија животот на една млада девојка исто така од Струмица – се пишува во објавата на Фејсбук.