10.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Влошена состојбата на познатиот српски актер Гутовиќ, приклучен e на респиратор

Српскиот актер Милан Лане Гутовиќ пред една недела е итно хоспитализиран на ВМА каде се наоѓа на интензивна нега, а како јавуваат локалните медиуми неговата состојба се влошила.

Тој бил итно приклучен на респиратор. Актерот претходно се огласи од болница и кратко порачал: „Веројатно ќе бидам подобро“.

Гутовиќ со денови се чувствувал лошо пред да биде хоспитализиран. Кога бил примен во болница имал проблеми со дишењето, но тестовите покажале дека нема Ковид-19.

Неговиот колега, Драган Маринковиќ – Маца се огласи на Инстаграм истакнувајќи дека здравствената состојба на Лане е влошена.

-Не се давај….Префрлен е на интензивна нега….Состојбата му се влоши…До победа колега, напиша Маца.