Александар Стојкоски кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ

Доктор Александар Стојкоски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Ѓорче Петров за локалните избори кои се закажани за 17 октомври.

Стојкоски е доктор радиолог на Институтот за радиологија во рамки на Клиничкиот центар.

Долгогодишен член е на Општинскиот комитет на партијата во Ѓорче Петров и активист од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Стојкоски воедно е и поранешен пратеник на Собранието и член на Советот на Општината.

Неговата љубов е спортот, планинарењето, велосипедизмот. Тој е сопруг и татко на две деца.

„Човек со невиден ентузијазам, желба за создавање и љубов кон Ѓорче Петров. За промени, за решавање на проблеми, за нов лик на Ѓорче Петров“, велат од партијата.