Македонската златна олимпијка од Лондон 2012, Оливера Наковска Бикова е подготвена за настапот на Параолимписките игри во Токио.
По интензивните подготовки изминативе два месеци, Наковска Бикова утре заминува за Токио каде ќе се натпреварува во три дисциплини, П2-воздушен пиштол жени 10 метри (на 31. август), во П3-спорт пиштол 25 метри (2. септември), и во П4-пиштол слободен избор 50 метри (5. септември).
„На стрелиштето ‘Бејбунар’ во Охрид се одржаа завршните подготовки пред заминувањето на Параолимпиките игри во Токио. Сега ни останува сработеното и договореното да го повториме во Јапонија. Како и секогаш, максимално сум подготвена достојно да ги бранам боите на нашата држава. По речиси две години години апстиненција од врвни спортски натпревари, време е да се впуштиме во борба со конкурентите, со надеж дека поред другото и спортската среќа ќе ни биде наклонета“, рече Наковска-Бикова пред заминувањето за Токио.
Ова се петти параолимписки игри за македонската стрелачка која ќе во дисциплината стрелаштво со воздушен пиштол во 2012 година на Македонија и донесе злато.