Две сребра од Светскиот шампионат во танц како спорт на Специјална олимпијада

GRAZ,AUSTRIA,20.AUG.21 - SPECIAL OLYMPICS - World Cup Dancing, award ceremony. Image shows Julijana Petrovska (MKD), Harsimran Shah (AUT) and Mariia Hnatyk (UKR). Photo: GEPA pictures/ Mario Buehner

Осумчлената екипа на Специјална олимпијада Македонија во конкуренција на 13 земји освои два сребрени медала на првиот Светски шампионат на специјална олимпијада којшто се одржа во Грац, Австрија.

GRAZ,AUSTRIA,20.AUG.21 – SPECIAL OLYMPICS – World Cup Dancing, award ceremony. Image shows athletes and volunteers. Photo: GEPA pictures/ Mario Buehner

Нашата делегација настапуваше со две точки, јунифајд во двојки и соло перформанс.

На нумерата „Te quero“ од Оливер, тимот „Сонриса јунифајд“ составен од Илина Георгиева, Јулијана Петровска, Марио Мицковски, Стефан Трпковски и јунифајд партнерите Сања Матеева и Димитар Мишев, одигра прецизно и страсно и жири комисијата настапот го оцени со сребрен медал.

Додека соло настапот на Јулијана Петровска на нумерата „I wanna dance“ на Артем Узунов,  салата ја остави без здив и освои сребро.

„Имавме успешен настап и задоволни сме од целосното искуство кое што го имавме во Грац. Прекрасно беше да се настапува пред публика и да се дружиме со атлетите повторно во живо“ – изјавуваат од делегацијата.

Танчерите за ова првенство ги подготвуваше кореографката Евгенија Трифуновска, а водач на делегација беше Александра Димеска.

Во конкуренција на 13 земји (Австрија, Чешка, Естонија, Германија, Норвешка, Словачка, Украина, САД, Грција, Ирска, Индија и Литванија), каде учествуваа 80 атлети од три континенти, под водство на 30 тренери.

Атлетите се натпреваруваа во четири категории, соло, пар, двојки и тим и во четири дисциплини, танго, уличен танц, сценска уметност и специјален настап.

Танцот како спорт официјално е спортска дисциплина од олимписките игри на Специјална олимпијада во Абу Даби 2019 година, и ќе биде официјална натпреварувачка дисциплина започнувајќи од Зимските олимписки игри на Специјална олимпијада 2025.