Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека додека сите не се вакцинираме ова нема да престен и тоа е единствен спас.
„Има јасни препораки дека природниот имунитет по прележување на болеста по одредено време се намалува, и вакциналниот е потраен. Во таа смисла американскиот Центар за контрола на болести тоа го укажува, СЗО исто“, рече Филипче.
Посочува дека сите препораки одат во насока за што пократко време луѓето се имунизираат.
„Точно е дека има студии кои препорачуваат и констатираат имунитет по 5,6, дури и после осум месеци, но природниот имунитет се намалува. Имајќи предвид дека имаме препораки за што поскоро вакцинирање, битно е граѓаните да се вакцинираат да за што пократко време се подигне степенот на вакцинација и да се постигне колективен имунитет, заради тоа што вакциналниот имунитет е траен сакајќи да спречиме и следни бранови. Зошто да чекаме, ова мора да го прекинеме. Природниот имунитет со тек на време се намалува, нема потреба да се чека, нагласи министерот за здравство“, рече министерот за здравство.
Филипче рече дека за што пократко време стекнување на колективен имунитет постигнат со имунизација, согласно сите препораки, е логиката за сите нивните одлуки.