
Соединетите држави во саботата им советуваат на своите државјани во Авганистан да не доаѓаат на аердромот во Кабул на којшто од минатата недела се наоѓаат илјадници луѓе кои сакаат да ја напуштат земјата откако талибаните ја преземаа власта.
„Поради потенцијални безбедносни закани пред влезот на кабулскиот аеродром, им советуваме на американските државјани да го избегнуваат патувањето до аеродромот, освен доколку добиле индивидуални упатства од американските фунцкионери тоа да се стори“, предупреди амбасадата на САД во Авганистан.
Упаствата на американските власти без издаден неколку часа откако еден од основачите на авганистанското радикално исламистичко двиижење Талибан, мулата Абдул Гани Барадар пристигна во Кабул на разговори со другите лидери за формирање на новата авганистанска влада по секавичното заземање на државата.
Барадар беше уапсен во Пакистан во 2010 година, и беше во затвор сѐ додека по протисоците од сојузниците во регионот, САД не го ослободија во 2018 година кога се премести во Катар. Беше именуван е за челник на политичката канцеларија на талибаните во Доха, каде го следеше потпишувањето на спогодбата којашто доведе до договорот за повлекување на странските сили по 20-годишната воена мисија во Авганистан.
Снимките кои кружеа на социјалните мрежи оваа седмица прикаживаа стотици Авганистанци како трчаат по американски товарeн авион „C-17“, обидувајќи се да се качат на него. Друга снимка покажуваше како две лица паѓаат од тој воен транспортер откако полетал од Кабул.
Од тогаш драстично се зголемил бројот на луѓето на аеродромот во авганистанската престолнина, каде што талибаните ги бркаат оние коишто немаат документи, пренесува Reuters. Од неделата најмалку 12 луѓе се убиени во областа на аеродромот, објавија претставбници на НАТО и на талибаните.
Висок неименуван претставник на талибаните за агенцијата рекол дека хаосот на аеродромот не е одговорност на движењето. „Западот можеше да подготви подобар план за евакуација“, рекол.
Функционер на НАТО во петокот изјави дека околу 12.000 странци и Авганистанци кои работата во амбасадите и меѓународните хуманитарни организации се евакуирани од земјата, откако талибанските милитанти влегоа во Кабул.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, изјави во саботата дека Европската унија не ги признала талибаните за власт во Кабул, ниту, пак, со нив води политички разговори.
Фон дер Лејен во саботата посети во Мадрид центар за прифат на авганистанските работници во европските институцуу кои се евакуирани од Кабул.
Најави зголемување на хуманитарната помош од 57 милиони евра, којашто ЕК претходно годинава ја издвои за Авганистан. Истакна и дека европската хуманитарна помош ќе биде условена со почитување на човековите права, хуман третман на малцинствата и почитувањето на правата на жените и девојките.
„Ги слушнавме изјавите на талибаните, но ќе го проценуваме според нивното делување“, изјави фон дер Лејен за новинарите.