Мисајловски: Вода стои, Ѓорче не стои! Уште од прв ден сме на терен да ги слушнеме предлозите на нашите соседи и пријатели за поубава општина

Александар Стојкоски, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров денеска оствари средба со граѓани на населбата Даме Груев.

На таа средба, присуствуваше и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Тој на својата Фејсбук страница сподели фотографии од денешниот настан и напиша:

„Вода стои, Ѓорче не стои ! Уште првиот ден веднаш на терен, да се видиме со нашите соседи, нашите пријатели, да ги слушнеме нивните предлози и идеи за поубава општина. Aleksandar Stojkoski тргнува во победа за сите луѓе во Ѓорче Петров.“