
Во Хрватска во последните 24 часа регистрирани се 373 нови случаи на зараза со коронавирусот од 9.397 тестирани лица, а три лица починале, објави во неделата тамошниот Штаб за цивилна заштита.
Во последните 24 часа, исто така, пријавено е оздравување на 339 пациенти.
Во моментов во Хрватска има 2.695 активни случаи на инфекција со коронавирус, од кои 275 се болнички згрижени, а 35 се на апарати за дишење.
Вкупно 6.761 лице се во самоизолација. Досега од почетокот на епидемијата коронавирусот е потврден кај 369.765 луѓе, од кои 358.769 се оздравени, а 8.301 починале.
Вкупно се тестирани 2.466.573 луѓе. До саботаа се вакцинирани 41,82 проценти од вкупното население, односно 50,25 возрасни лица.