
Најмалку 20 луѓе загинале во изминатата седмица во текот наевакуацијата во и околу аеродромот во Кабул, изјавил во неделата функционер на НАТО, а аеродромот во Кабул ќе биде затворен 48 часа поради евакуација на сите оние кои веќе се наоѓаат на негова територија, пренесе агенцијата Khama Press, повикувајќи се на Стејт департментот.
„Кризата пред аеродромот во Кабул е трагедија. Нашиот фокус е на евакуацијата на сите странски државјани што е можно поскоро“, рекол за агенцијата Reuters функционер кој сакал да остане анонимен.
Големата маса луѓе изминатите денови се зголемува пред аеродромот, отежнувајќи ја така операцијата на евакуација на САД и другите западни земји кои сакаат да ги извлечат од земјата своите дипломати, цивилите и Авганистанците од земјата откако власта ја преземаа талибаните.
„Нашите сили оддржуваат строга оддалеченост од надворешните облати на кабулскиот аеродром за да се спречат судирите со талибаните“, рекол фунцкионерот на НАТО.
Пред аеродромот во исто време се собрани неколку илјади лица, кои сакаат да ја напуштат земјата.
Талибаните соопштија дека во следните неколку часа имаат намера да ја подобрат ситуацијата и да ја олеснат постапката за напуштање на воздушното пристаниште што е под контрола на американската армија.
„Отворањето на патот за излез од аеродромот во Кабул е неопходно за да се почитува законот и редот“, изјавил портпаролот на талибаните.