Американски генерал: БиХ е земја со два ентитета и три конститутивна народа

Командантот на НАТО во Босна и Херцеговина, американскиот генерал Ерик Фолкeстад изјави во неделата дека сегашноста и иднината на оваа земја е поврзана со двата енитета и трите конститутивни народа, каква гормулација во заврпните документи на Алиојансата неодамна условуваше и државниот врв на Хрватска.

Во интервјуто за Федералната новиснака агенција (FENA), бригадниот генерал Фолкeстад, кој е највисокиот воен претставник на НАТО во БиХ истакна дека земјата „е и останува единствена земја со два ентитета и три конститутивна народа“.

Американскиот генерал ги отфрла иницијативите за отцепување од БиХ, очигледно алудирајќи на зачестените најави на српскиот член на Претседателстово на БиХ, Милорад Додик, дека земјата ќе се распаден реагирајќи на одлуката на донеодамнешниот висок претставник на меѓународната заедница Валентин Инцко во последниот миг од неговиот мандат да донесе законска регулатива со којакривично ќе се гони секој што ќе негира дека во Сребреница 1995 се случил геноцид.

Во Бања Лука, каде не негираат дека во Сребреница имало воено злосторство, исклучуваат тврдење за геноцид, а таквата одлука како и изјавите на бошњачките челници ги оценуваат како обид за укинување на ентитетот Република Српска.

„Приказните за отцепување не само што не се полезни, туки и го свртуваат вниманието од вистинските прашања кои треба да се решават“, вели Фолкестад и повикува на спроведување на реформите во БиХ наведувајќи дека тоа го посакуваат мнозинството граѓани.

Американскиот генерал најави продолжување на поддршката за БиХ, во прв ред за нејзините вооружени сили, за да бидат способни да се соочат со бројни искушенија. Додал дека Вооружените сили на БиХ би можеле да помогнат во гаснење на бројните пожари во земјата, но и во решавње на кризите како што се зејотреси, поплави и други катастрофи, како и во борбата со епидемијата на коронавирусот.

Неодамна хрватскиот претседател Зоран Миланиќ во врска со БиХ ја услови поддршката за завршната декларација од самитот на НАТО со ведувањето на терминот конститутивни народи и Дектонскиот мировен договор, на што според него се противеле неколку членки на Алијансата кои не ги именуваше.

На крајот во делот во врска за БиХ беше изнајдено компромисното решение, па беше земен Општ ракковен договор за БиХ во кој составен дел е и Уставот на земјата во кој се истакнува улогата на конститутивните народи.