![celzi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/celzi.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Во дербито од второто коло на англиското фудбалско првенство, Челзи како гостин со 2:0 го совлада Арсенал, додека Тотнехме ја оствари втората последователна минимална побед со 1:0 кај Вулверхемптон, додека Манчестер Јунејтд ја продолжи својата низа непоразенот на гостувањата, но освои само бод кај Саутемптон играјќи 1:1.
Во 15 минута Матео Ковачиќ одлично го одигра Рис Џејмс по десната страна, следеше приземно нафрлување на петерецот каде повратникот во редовите на „Сините“ Ромелу Лукаку без проблеми ја испрати топката во небранетата мрежа. На 2:0 зголеми Џејмс во 35 минута со силен удар откако беше поригран од Маунт.
Челзи со оваа победа им се приклучи на Ливерпул, Брајтон и Тотенхем на врвот на табелата со максималните шест бодови, додека Арсенал е без бод а и без постигнат погодок во првичните два настапа.
Прехдно Тотенхем против поранешниот тим на својот нов менаџер Нууњо Еспириот Санто стаса со раниот погодок на Деле Али, во 9 минута, откако го реализираше казнениот удар за кој самиот се избори.
Манчестер Јунајтед го израмни рекордот на Премиер лигата од 27 седум последователни гостувања без порад кој од 2004 година го држеше рсенал, но и покрај големиот притсок не успеа да ги освои сите три бода во Саутемптон.
Домашните поведа со многу среќа во 30 минита, кога прво судијата не го виде туркањето на Стефенс кој му ја одзема топката на Бруно Фернандеш, па го проигра Армстронг кој додаде кон Адамс, а неговиот удар од Фред се одби во самиот агол на голот на Јунајтед неодбранливо за Де Хеа. Во продолжението гостите Манчестер успеаја само да израмнат, кога во 55 минута Погна и Фернандеш одлично комбинираа, топкаа дојде до Мејсон Гринвуд кои успеа низ блокот на домашната одбрана и голманот Меккарти да ја спроведе топката во мрежата.
Манчестер Јунајтед сега има четири бодови, додека за Саутемптон ова беше првиот бод во новата сезона.
Колото во понеделник ќе го затвори дуелот Вест Хем Јунајтед – Лестер Сити.