ВИДЕО| Четири ремија и победа на Монпелје, во Ница безредија и прекин

Во првите пет натпревари од неделната програма на третото коло на француското фудбалско првенство, четири натпревари завршија без победник, а амо Монпелје успеа да ги освои трите бода, додека вечерното дерби меѓу Ница и Марсеј беше прекинато поради влегување на домашните навивачи на теренот.
Натпреварот од третото коло на француското фудбалско првенство меѓу Ница и Марсеј е прекина во 74 минута, поради упадот на домашните навивачи на теренот.

Група навивачи од јужната трибина на стдионот „Алијанц Ривиера“, на којашто се сместени најфатанитчните припадници на навивачката група на Ница, петнаесеттина минути пред крајот на мечот ја пескокнаа оградата и сака да се пресметаат со гостинските фудбалери, откако Димитри Паје одговори на провокоциите кои траеја во текот на целиот дуел. Паје беше погоден со шише, за момент лежеше на тревата, па веднаш стана и го фрли шишето кон трибината кај што беа навивачите на Ница.

Навивачите на Ница во текот на целиот меч фрлаа разни предмети ан теренот и ги гаѓаа фудбарелерите на Марсел. Во првото полувреме цел им беше гостинскиот голман Мандаду, а во второто секој играч кој ќе дојдеше да изведе корнер.

По повеќемитнуто меѓусебно туркање меѓу обезбедувањето, навивачите на Ница, фидбалерите и службените лица на двете екипи,л судијата Бастиен двете екипи ги испрати во соблекуваните го прекиа дуелот.

Во моментот на прекинот Ница водеше со 1:0, а погодокот го постигна Данецот Каспер Долберг во 49 минута.

Претходно во неделата во Мопнелје гостински Лориен поведе во 21 минута со автоголот на Берто, а пресвртот дојде во вториот дел. Савание во 50, Мавдиди во 58 и Делор во 83 беа стрелците за првата победа на Монпелје оваа сезона.

Бордо сѐ уште ја чека првата првенствена победа, а остана без неа на домашен терен против Анже, мечот заврши 1:1. Мата погоди во 10 минута за водство на Бордо, а во 38 минута израмни Томас.

Со идентични резултати завршија и натпреварите Мец – Ремс и Стразбур – Троа.

Фудбалерите на Лион на својот стадион испуштија два гола предност и примија гол во судиското продолжение за конечните 3:3 против Клермон. Муса Дембеле го доведе Лион во водство од пенал во 5 минута. Израмнувачкиот погодок за Клермон го постигна во 12 минута исто така играч на Лион, Диоманде кој ја испрати топката во сопствената мрежа. Дембеле во 21 минута ја врати предноста за домашните на Пакета на крајот од првиот дел погоди за 3:1.

Овој резултат важеше до 80 минута, кога Рашани намали за новиот прволигаш, а со својот втор погодик во првата минута од судиското продолжение му донесе бод на Клермон кој моментално го држи третото место со 7 бодови од три натпревара, додека славниот Лион е на 16-та позицја со само два бода.