
Подобрена здравствената состојба на педесет и едногодишната жена која се здоби со сериозни повреди и тешки изгореници во експлозијата во фабриката за пиротехника во Сопиште. Таа сега е во стабилна состојба. Како што јавуваЗдравство 24, таа останува приклучена на апаратите за дишење, на КАРИЛ.
Жената имаше изгореници од 4 степен, но за разлика од вчера нејзината состојба е далеку подобрена и за разлика од останатите двајца пациенти, виталните органи и се стабилни. Другите двајца се хоспитализирани во градската хируршка болница св. Наум Охридски но нивното здравје и понатаму е во критична состојба.
Пациентите на 27 и 59-годишна возраст дишат со помош на апарати. Имаат многу тешки и длабоки изгореници од трет степен и се во животозагрозувачка состојба.