Одговорајќи на новинарско прашање околу пописот, премиерот Зоран Заев категорично кажа таа статистичка операција ќе се одржи, без разлика на се што ќе се случува во однос на епидемиолошката состојба во државава со корона вирусот.
„Опозицијата пред неколку месеци бараше одложување на пописот кога тогаш имавме по 50 случаи дневно. И рековме дека не знаеме што не чека во септември. И еве, септември ни е на прагот, а имаме високи бројки на заразени. Пописот ќе се одржи, а ќе има и високи хонорари за попишувачите“, рече Заев.