
Во последните дуели од второто коло на фудбалското првенство на Шпанија играни во понеделникот доцна ноќта, Севилја со 1:0 славеше на гостувањето кај Хетафе, додека Осасуна и Селта Виго ремизираа без погодоци.
Севилја до победата дојде со голот на Ерик Ламела во третата минута од судиското продолжение на натпреварот.
Севилја со двете воведни победи е на челната позиција во Примера со шест бодови, колку што има и актуелниот шампион Атлетико Мадрид. Следат двата великана Реал Мадрид и Барселона кои на стартот од новата сезона впишаа по победа и реми.
Осасуна ремизираше во двете кола и со два бода е 14-та, а за Селта Виго ова беше првиот првенствен бод сезонава.