Затворена Амбасадата на САД во Либија

Стејт департментот ја затвори Амбасадата на САД и го евакуира целиот персонал од Либија поради влошување на безбедносната ситуација и насилството меѓу спротиставените вооружени милиции.

Персоналот денеска го напушти Триполи и премина во соседен Тунис. Амбасадата повторно ќе биде отворена по подобрување на безбедносната ситуација.

Тоа е вторпат Амбасадата на САД во Триполи да биде затворена. Првиот пат беше во февруари 2001 година за време на бунтот што доведе до соборување на режимот на Муамер Гадафи.