
Моменталните епидемиолошки мерки остануваат на сила и покрај средбата на Комисијата за заразни болести со претставниците на угостителските објекти, а доктор Никола Пановски го дели мислењето со угостителите за актуелните мерки на Владата.
Според него апсурдно е барањето за вакцинација од граѓаните кои прележале ковид последните 45 дена. Додава дека е штетно за здравјето на пациентите кои прележале Covid-19 да се вакцинираат првите шест месеци.
„Вакцинацијата на лица кои прележале Covid-19 е залудна и само се трошат вакцини, на место да се вакцинираат лицата кои не биле заразени и кои имаат потреба“, смета Пановски.
.