Стојна Костовска е добитник на наградата „Васил Иљоски“ на „Денови на комедија“

Актерката Стојна Костовска е добитник на наградата „Васил Иљоски“ на годинешниве „Денови на комедија“.

-Со огромно задоволство соопштуваме дека Лауреатка на овогодинешниве Денови на комедија 2021 е актерката Стојна Костовска.

Фестивалот Денови на комедија Куманово доделува награда „Васил Иљоски“ на актерката СТОЈНА КОСТОВСКА за особен придонес во театарска уметност, посебно во делот на комедиографијата.

Наградата ќе биде врачена на денот на отворањето на Фестивалот на 27 септември, соопштија од НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.