Талибаните ги ставиле во притвор поранешниот претседедател и шефот на советот за помирување

Former Afghan President Hamid Karzai and Dr. Abdullah Abdullah speak at an unidentified location in this undated handout still image obtained from video uploaded on August 19, 2021. Video uploaded on August 19, 2021. DR. ABDULLAH ABDULLAH VIA FACEBOOK

Борците на радикалното исламистичко авганистанско движење Талибан, во четвртокот ги разоружале обезбедувањата на поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи и челникот на Националниот совет за помирување, Абдула Абдула, практичко ставајќи ги во домашен притвор, пренесува американската телевизија CNN.

Според изворот на телевизијата, во понеделникот талибаните ги конфискувале автомобилите на Карази и го одзеле оружјето од неговите лични телохранители. Подоцна поранешниот претседателот бил преместен во домот на Абдула, каде што во средата бил извршен претрес, конфискувани неговите возила и разоружано обезбедувањето.

Како резултат на ваквите талибански акции, двацјата члена на Координативниот совет за мирен трансфер на власта во Авганистан од претходната власт на талибаните се оставени без никакво обезбедување. Како што се истакнува во информацијата на CNN, Карзаи и Абдула така практично се ставени во домашен притвор.

Претходно авганистанските медиуми информираа дека Карзаи и Абдула, како и лидерот на Исламската партија, Гулбедин Хекматијар ќе се приклучат на преодниот совет за управување со земјата, кој имаа намера да го формираат талибаните. Се очекува овој совет да има 12 членови, меѓу кои и челникот на политичкото крило и сооосновач на движењето, мула Абдул Гани Барадар и шефот на воената комисија на талибаните Мулави Јакуб.

Претходно во средата светските агенции повикувајќи се на високо рангирани талибански извори пренесоа дека на клучните министерски места во секторите одбрана и финансии во привременото тело кое ќе ја има улогата на влада на Авганистан, талибаните ги именувале своите истакнати ветерани.

Талибаните формално не ги објавија именувањета, за кои еден од нивните борбени команданти вели дека се преодни, но авганистанската новинска агенција Pajhwok уште вторникот објави дека министер за финансии станал Ѓул Ага, а Садр Ибраим е именуван за министер за внатрешни работи.

Поранешниот затвореник во американскиот воен затвор за исламистички терористи во Гвантанамо, мула Абдул Куајум Закир е именуван за привремен министер за одбрана, објави панарапскиот телевизиски канал Al Jazeera, повикувајќи се на талибански извори.

Неименуван фунцкионер на талибаните ги потврдил за агенцијата Reutеrs министерските именувања, откако милитантите ја преземаа контролата над сите владини канцеларии, претседателскиот дворец и парламентот. Високорангиран политички стратег на талибаните додал дека покраински гувернери ќе бидат некои од најискусните талибански команданти во 20-годишната граѓанска и војна против странските трупи.

Се претпоставува дека споменатиот Ѓул Ага е веројатно Ѓул Ага Ишказаи, шефот на комитетот за финасирање на талибаните, и личност којашто е под санкции на Обединетите нации.

Абдул Куајум Закир, пак, е искусен талибански воен командант и близок соработник на оснивачот на талибанското движење, мула Омар. Закир во 2001 година беше заробен од американските сили во Авганистан, и беше заточен во воениот затвор Гвантанамо до 2007 година, според американските медиуми. Подоцна е ослободен и предаден на тогашната авганистанска влада.

Се верува дека Садр Ибраим, новиот министер за внатрешни работи, е моќна фигура од голема доверба на талибанското водство.