Столтенберг го осуди терористичкиот напад пред аеродромот во Кабул

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го осуди „ужасниот терористички напад“ во областа на аеродромот во Кабул, изразувајќи сочувство до сите погодени и нивните најблиски.

-Наш приоритет останува да евакуираме што е можно повеќе луѓе на безбедно, што е можно побрзо, напиша Столтенберг на Твитер.