ВИДЕО| Во експлозии во казахстанска воена база пет жртви

Во низата експлозии предизвикани од пожар во воена база на југот на Казахстан загинале пет војници а ранети се уште 90 цивили, соопштија во петокот властите на оваа централноазиска поранешна советска република.

Засега не сѐ уште познати причините за пожарот во базата во покраината Жамбил во кој е складиран инженерски експлозив, изјави казахстанскиот министер за одбрана Нурлан Ермекбаев на прес-конференција.

Војниците загинале во обидот да го изгаснат пожарот кој предизвикал низа од десет експлозии, додаде минисерот. Додаде дека вкупно има 90 настрадани од кои 28 се хоспитализирани а шестмина се во критична состојба.

Во времето на експлозиите во објектот имало 171 човек. Веднаш биле евакуирани војниците од воениот дел на базата и жителите од блиските куќи.

Заменикот министер за одбрана, Руслан Шпекбаев, изјави дека во складот бил чуван инженерски експлозив, и оти пожарот можело да биде предизвикан од согорување на тротилот.

Експлозивот потекнувал од објект во градот Арис, каде сличен инцидент се случи во 2019 година кога загинаа четири лица.

Министерот Ермакбаев за локалниот весник Azatik изјавил дека по експлозијата ја понудил својата оставка.