Германската издавачка куќа „Axel Springer“ објави дека ќе ја купи американската дигитална медиумска компанија „Politico“, проширувајќи ја со тоа својата глобална мрежа дигитални информативни медиуми.
Двете компании не ги откриваат условите од договорот, но весникот The New York Times известува дека, доколку биде постигнат конечниот договор, „Axel Springer“ за „Politico“ би можел да плати милијарда американски долари.
Германската компанија во рамките на трансакцијата ќе ја купи и преораната половина од уделот во заедничката компанија „Politico Europe“.
Сопственикот на „Politico“, Роберт Олбритон, ќе ја задржи позицијата издавач, а трансакцијата би требало финално да биде заклучена до крајот на годината.
Извршниот директор на „Axel Springer“, Матијас Депфнер, изјави за делевониот весник Handelsblatt дека „Politico“ претставува најголемата ивестиција во историјата на германскиот издавачки гигант, без да ја наведе неговата цена. Од „Politico“ не биле веднаш достапни за коментар на барањето на агенцијата Reuters.
Германскиот издавач во 2015 година го купи „Business Insider“, а минатата 2020 година стана сопственик и на удел во платформата Morning Brew.
Компанијата и изданието Politico го основаа поранешните новинари на весникот The Washington Post, во пресрет на американските претседателски избори 2008 година, порачувајќи дека ќе ја следат политичката сцена во Вашингтон „според узусите на спортското новинарство, кое бара брзина, аналитичност и прецизност“.
Портфелот на „Axel Springer“ опфаќа низа медиумски куќи, , вклучително и Bild, Welt и Insider, а компанијата е присутна во повеќе од 40 земји во светот, градејќи медиумско царство за сопственикот на 48-процентниот удел американскиот инвестициски фонд KKR.
Два информирани извора одвоено за американската телевизиска мрежа CNBC News изјавиле дека „Springer“ повече не преговара за купување на дигиталната медиумска компанија „Axios“, која ја основа коосновачот на „Politico“, Џим Вандхеј. Од двете компании одбиле да ја коментираат оваа информација.