ДИК: 5164 лица направиле увид во Избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека заклучно со вчерашниот ден (26.08.2021) вкупно 5164 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 11 барања за запишување во избирачкиот список, 12 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и четири барања за измена на податоците во Избирачкиот список.

До ДИК на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 17 барања.

Постапката за јавен увид во Избирачкиот список за локалните избори закажани за 17 октомври ќе трае до 9 септември.

Јавен увид граѓаните можат да направат во подрачните единици и канцеларии на ДИК, како и електронски преку веб страната на Комисијата.

Во меѓувреме, до 30 август трае собирањето потписи за независните кандидати за градоначалници и советнички листи.