„Визер“ ќе лета кон Болоња, Торино, Билунд и Фридрихсхафен

Нискобуџетската компанија „Визер“ денеска соопшти дека ќе воспостави авионски линии кон четири дестинации од земјава  до Италија, Германија и Данска, меѓу кои од Скопје до Болоња и Торино – Италија, од Скопје до Билунд – Данска и од Охрид до Фридрихсхафен – Германија.

Првите летови до новите дестинации ќе бидат во декември 2021. Картите се веќе во продажба со цени од 1.229 денари ( 19.9 евра).

– Новите линии ќе ги надополнат постојните услуги што веќе се користат од скопскиот и охридскиот аеродром и ќе ја потврдат заложбата на авиокомпанијата да им понуди на македонските патници летови до различни дестинации – велат од компанијата.

Новите рути до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд ќе започнат со работа благодарение на распределбата на петиот  авион на компанијата во  базата во Скопје.