Убиецот на Кенеди по 53 години излегува од затвор

Излегува на слобода убиецот на американскиот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди, палестинскиот бегалец Сирхан Сирхан, кој издржува затворска казна поради делото сторено во 1968 година. Ваква одлука донел Калифорнискиот одбор за ревизија на затворските казни, кој препорачал условно пуштање на слобода на 77-годишниот Сирхан, кому претходно 15 пати му била одбивана молбата за пуштање на слобода.

Сирхан, кој е роден во Палестина, е осуден за убиството на Кенеди во кујната во хотелот Амбасадор во Лос Анџелес на 5 јуни 1968 година.

До пукањето дошло неколку минути откако Роберт Кенеди, тогаш американски сенатор до Њујорк, го одржал својот победнички говор по освојувањето на партиските избори во Калифорнија.

Роберт Кенеди им подлегнал на повредите ден по атентатот, а убиецот е во затвор цели 53 години.