
Штипската модуларна болница се полни со тешки пациенти заразени со делта сојот на коронавирусот. Слободни места има само за уште двајца пациенти.
Началничката на Инфективното одделение и на ковид центарот, Дијана Гајдарџиска-Шишикова за МИА вели дека денеска имаат 45 пациенти во модуларната болница, а пред неколку дена во функција е ставено и Кожното одделение, каде се хоспитализираат пациентите, кои веќе се стабилни по третманот во модуларната болница.
На оваа одделение имаат десет пациенти. Забележува дека брзото полнење на болничките капацитети е во изминатите неколку дена се совпаѓа и со бројките на новозаразени пациенти во источниот регион.
– Имаме млади пациенти на возраст над 30 години, ни доаѓаат во тешка здравствена состојба. Триесет и тројца или околу 75 отсто од вкупниот број на пациентите во модуларната болница се на кислородна поддршка – вели Гајдарџиска-Шишкова.
Поради забрзаното полнење со пациенти во штипската модуларна болница, активирана е и модуларната болница во Кочани.