Ракети врз американската војска на аеродромот во Кабул

Американската противракетна одбрана со ситемите C-RAM пресретнала пет ракети истрелани врз кабулскиот аеродром рабо утрото во понеделникот, потврдил американски функционер, додека САД брзаат да го завршат своето повлекување од Авганистан за да ја завршат својата најдолга војна во историјата.

Една од петте ракети истрелани во правецот на аеродромот во Кабул, паднала на неговата територија, пренесува телевизијата Al Jazeera повикувајќи се на извор од талибанското движење. Засега не е познато кој стои зад овој напад.

Откако евакуирале околу 114.000 луѓе, меѓу кои и странските државјани и загрозените Авганистанци, во оперцијата којашто започна ден пред авганистанската престолнина Кабул на 15-ти август беше заземена од талибаните, американските и странските сили треба да го завршат своето повлекување во вторникот, за да го испочитуваат рокот договорен со исламистичките радикали.

Во текот на изминатиот викенд бројот на американските војници на кабулскиот аеродром се намалил под 4.000, со напорите за што поскоро заминување откако во самоубиствениот бомбашки напад на Исламската држава во четвртокот усмрти речиси 200 авганистански цивили и 13 американски војници.

Авганистанските медиуми во понеделникот известуваат дека ракетниот напад бил изведен од заеден дел на автомобил. Според новинската агенција Pajhwok, неколку ракети погодиле различни делови на авганистанската престолнина.

Првичните извештаи не укажуваат на американски жртви во најновиот ракетен напад, изјавил за Reuters неименуван американски функционер.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека претседателот Џо Бајден ја повторил својата наредба командантите да „сторат сѐ што е потребно да ги заштитат напите сили на копното“, откако бил известен за нападот, како и операциите непречено да продолжат на аеродромот.

Во неделата во американски напад со дрон во Кабул е убиен самоубиец за кој Пентагон тврди дека се подготвувал со автомобил-бомба на аеродромот во иметот на авганистанскиот огранок на Исламската држава, која е противник и на талибаните. Централната команда на САД и во понеделникот повтори дека ги истражува извештаите на локалните медиуми за шест цивилни жртви, од кои четири деца, во споменатиот напад.

И покрај настојувањата, барем декларативни, на западните сили да евакуираат што повеќе луѓе, десетици илјади очајни Авганистанци се соочуваат со фактот дека нема да можат да ја напуштат земјата. Двајца американски функционери за Reuters дека евакуациите ќе продолжат во понеделник, а приоритет ќе бидат лица коишто се во „екстремен ризик“.