
Шпанските медиуми, особено оние од Мадрид, се опседнати за евентуалното доаѓање на Килијан Мбапе во Реал.
Попладнево новинари на шпанскиот весник „АС“ ги посетиле двата најголеми фан-продавници на ПСЖ и не го виделе изложен дресот на Мбапе.
Едната продавница е на стадионот на ПСЖ, а другата на познатата улица Шанз-Елизе.
„АС“ тврди дека и во двете немало дрес на лагер од Килијан Мбапе, можело само по порачка да се испринта.
Дали ова е случајност или предвестие дека Мбапе е на пат за Мадрид, ќе се знае во текот на денот. Последниот ден од преодниот рок е утре.