1.8 C
Skopje
недела, декември 22, 2024

Селекторот Милевски го одржа првиот тренинг со националниот тим (ФОТО)

Благоја Милевски од денеска означи старт на својот мандат како селектор на А-тимот, откако од почеток на месецов официјално го презема кормилото од досегашниот селектор Игор Ангеловски.

Милевски означи старт на новата ера на македонската фудбалска репрезентација, која после две децении продолжува без својата икона и капитен Горан Пандев.

Македонија ја чекаат три тешки пресметки со директните ривали за најмалку второто место и бараж во квалификациите за Мундијалот во катар догодина, а прв е дуелот со Ерменија во четврток на Националната Арена „Тодор Проески“, по што следи гостување во Рејкјавик кај Исланд во недела од 18 часот, па уште еден домашен меч со должникот Романија идната среда (20.45 часот), која не победи во мартовските квалификации.