Д-р Ношпал: Со одлуката за настава со физичко присутво, потпишувате нечија смртна пресуда

Знаете дека веќе сите капацитети за заразени од Ковид се полни или барем сте начуле нешто. Во ваков ударен бран кога сите здравствени капацитети се повторно пред колапс, да донесеш одлука за настава со физичко присуство на децата е како да потпишуваш смртна пресуда за некого. Што е со овие кои се сега власт, зарем човечкиот живот толку малку вреди за нив?“

Ова е објавата на хирургот д-р Тодор Ношпал на неговиот ФБ профил која почна да кружи по мрежите. Засега, ова е единсвена директно предупредување, без заобоколувања, од еден лекар за тоа што може да се случи со наставата со физичко присуство која треба да започен од среда. Да се надевамае дека и другите лекари ќе се охрабрат, па одоцна, пак ќе можат да се вратат на расправата за тоа кој може, а кој не може да седи по кафеани.