НАТО вети дека нема да ги „заборави“ Авганистанците кои се во опасност

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вети во вторникот дека по заминувањето и на последните американски војници од Авганистан нема да бидат напуштени оние кои се обидуваат да побегнат од новиот талибанскиот режим и оцени дека Алијансата ќе ја научи лекцијата од своите порази во оваа земја.

Дваесет години откако со американската власт беа соборени од власт, талибаните повторно контролираат најголем дел од авганистанската територија. Во вторникот талибаните ја славеа победата над најголемата воена сила во светот.

Последниот американски воен лет тргна од аеродромот во Кабул ноќта кон вторникот по забрзаната операција на евакуација во која од Авганистан беа извлечени над 123.000 луѓе, главно персонал на земјите сојузници и Авганистан кои за нив работеа изминатите две децении.

„Важно е аеродромот да остане аеродром, за да ги остане отворен патот за хуманитарна помош кон народот и за да можеме да продолжиме да ги извлекуваме луѓето кои тоа го сакаат, но кои не можеа да бидат дел од воената евакуација. Сите работиме на нивното извлекување. Нема да ги заборавиме“, изјавил Столтенберг во разговорот, пренесува агенцијата AFP.

Изјавите на шефот на НАТО ги потврдуваат изјавите на германската канцеларка Ангела Меркел која рече дека „тој аеродром е од клучна важност за Авганистан, бидејќи без него до таму не може да стаса медицинска ниту хуманитарна помош“.

Столтенберг во разговорот истакнува дека НАТО ги постигнал некои од своите цели, кога велгол во Авганистан по терористичките напади од 11-ти септеври 2001 година во САД.

„Сите сојузници беа согласни дека мораме да се бориме против тероризмот за Авганистан да не стане засолниште за меѓународните терорити. И по 20 години, во тоа успеавме. Ниту еден терористички напад не беше организиран од Авганистан врз некоја земја на НАТО“, додава Столтенберг.

Челникот на НАТО гарантира дека сојузниците и натаму ќе вршат дипломатски притисок врз новата власт во Кабул за да го дозволи заминувањето на Авганистанците кои тоа го сакаат и да ги контролираат терористичките движења на нивната територија. Им се заблагодарува на сите сојузнички сили кои учествувале во евакуацијата.