Едно лице е убиено утрово во престрелка во населбата Топанско Поле општина Чаир, пренесува ТВ21.
Пукано е во лице со иницијали Е.Б., кое подлегнало на повредите, јавува МВР.
-На 01.09.2021 година во 09:21 часот пријавено е дека во населба Топанско Поле во близина на бензинска пумпа било пукано во Е.Б. кој починал од повредите. Се превземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.