Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при учеството на обуката организирана од Кондар Аденауер, а во врска со поттикнување на демократија на локално ниво запрашан за негов коментар како ја коментира последната листа кандидати кои ги предложи СДСМ истакна дека тоа што него најмногу го допре и му предизвика внимание се градоначалниците во пелагониските општини, пред се во Битола и на Прилеп. Таму СДСМ го призна поразот практично уште пред да започнат изборите, тие што ги предложија претходно се оние градоначалници којшто се генерално неуспешни.
-Тие што ги предложија се оние градоначалници што се генерално неуспешни. Она што мене најмногу ме допре се градоначалниците во пелагониските општини Прилеп и Битола. Таму СДСМ го призна поразот практично уште пред да започнат изборите, посочи Мицкоски.
Тој истакна дека во Прилеп СДСМ кандидираше транзиционен политичар којшто можеби е единствен кој што може да и конкурира на Радмила Шекеринска на политичката сцена, малку пратеник, малку беше координатор на пратеничка група, па малку министер, па малку в.д. директор, па сега сака малку да биде градоначалник.
-Мислам дека прилепчани овој пат ќе стават крај на неговата политичка кариера и ќе може да се посвети заедно со неговите другарчиња во рестораните каде што богами има основано сомневање дека се случуваат работи кој што се против законот, вели Мицкоски.
Втората личност која што вчера ја понудија навистина не само што не е конкурентна и не е достојна за тој град.
-Со тоа си потпишаа пораз и за следните четири години бидејќи, стравува отсуството на квалитет кадровски во рамките на СДСМ, па ќе мора да одат со крајно корумпирани и сомнителни бизнис ликови од средините каде што ги кандидираат , но тоа е нивен проблем реков нема да го коментираме да се фокусираме на иднината, да се фокусираме на понудата на ВМРО-ДПМНЕ и на коалиицијата, и нормално после победата да покажеме и да оддржиме лекција како се работи за граѓаните и за државата, рече Мицкоски.