Сончево со мала облачност и пониски температури

Времето во четвртокот во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. ќе дува умерен а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец со брзина од над 60 километри на час, што ќе предизвика опаѓање на температурите.

Утринската температурае се движи од 7 до 18, а максималната дневна ќе достигне од 22 до 30 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 25 Целзиусови степени.

Во петок и сабота ќе се задржи стабилно со свежи утра, а дневната температура ќе биде во благ пораст.

Во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на места се очекуваат и пообилни врнежи. Повремен пороен дожд со ретки грмежи ќе има во понеделник.