Грчкиот тенисер Стафанос Циципас, третиот носител на УС Опен, се пласира во третото коло со победата над Французинот Адријан Манарино со 6:3, 6:4, 6:7 (4) и 6:0, но гледачите на стадионот „Артур Еш“ го исвиркаа по долгото престојување во соблекувалната меѓу третиот и четвртиот сет.
Гркот е под сомневања поради неговите долготрајни напуштање на терените во текот на мечевите, особено откако ќе загуби сет. По дуелот во првото коло во кој го совлада Британецот Енди Мареј во пет сетови, откако пореншениот победник на УС Опен водеше со 2:1 во сетови, Мареј по меќот изјави дека излегувањето на Циципас од теренот и користењето на лекарска помош, за што според него немало потреба, го исфрлиле од ритамот на мечеот.
Мареј изјави тогаш и дека имајќи искуство бил психолошки подготвен на такви потези на Гркот, но дека физички не можел да се носи со него и дека поради тоа Циципас го загубил неговото почитување.
Циципас потоа беше прозван од уште неколку тенисери, што ги сврти гледачите против него кога зема долга пауза меѓу третиот и четвртиот сет од дуелот против Манарино и мина во солекувалната повеќе од седум минути. Кога се врати на теренот беше пречкан со свирежи и негодувања од гледачите, но тоа не го вознемир бидејќи го остави Французинот без гем во четвртиот сет и си обезбедува дуел во третото коло против Шпанецот Карлос Акараз.
Циципас по мечот изјави дека бил многу испотен по третиот сет и дека му било важно да се освежи.
„Не сторив ништо погрешно, затоа не ја разбирам ваквата реакција. Немам ништо против оние кои би викаа. Ги сакам навивачите. Но некои луѓе тоа не го разбираат. Не играле тенис на високо ниво, па не можат да разберат колку напор е потребно и колку е тешко да се прави она што го правиме. Понекогаш ни е потребен покус одмор за да можеме да го правиме тоа што го правиме“, се правдаше Циципас.
Манарино призна дека Циципас не сторил ништо што правилата не му го дозволуваат, но и предложи да се размисли за нивната промена кога станува збор за долготрајните напуштања на теренот.
„Правилото не е добро бидејќи не е чесно така да се прекине ритамот на мечот, но не мислам дека тој прави нешто погрешно, бидејќи овозможено му е тоа да го прави“, изјави Французинот.
И покрај негодувањата на гледачите, Циципас во овој меч дојде до личниот рекорд со 27 асови, со што својот претходен рекорд според бројот на неодбранливи сервиси во еден меч го поправи за пет.