ABBA денеска ќе го најави „сензационалното“ музичко враќање

Иако се заколнаа дека никогаш нема повторно да се соберат на разочарување на армијата обожаватели, речиси четири децении подоцна од разидувањето, се очекува легендарната шведска група ABBA денеска да го најави своето „сензационално“ музичко враќање.

Славниот бенд составен од две поранешни брачни двојки продаде повеќе од 400 милиони примероци од албумите и влијаеше врз генерации поп-музичари.

По победата на Евровизија во 1974 година со нумерата „Waterloo“, станаа глобнални суперѕвезди благодарејќи на бројните хитови во седумдесеттите и рените осумдесеттите години од минатиот век.

Од разијдувањето во 1982 година, упорно ги одбиваа сите понуди повтоно да се состанат. Но се очекува во четвртокот да ги израдуваат обожавателите со вести за нивна нова соработка.

Сега седумдесетгодишите автори на поп-класиците како „Dancing Queen“, „The Winner Takes It All“ и „Take a Chance on Me“, најавија „историска“ објава во 18,45 часот по средноевропско време.

Поединостите сѐ уште се држат во тајност, но се очекува дека четворицата членови на бендот ќе најават обајвува првите песни од 1980-те и нова театарска претствава во којашто ќе настапат како холограми „Abbatars“.

„Ви благодариме што чекавте, патувањето наскоро почнува“, објави минатата седмица на Twitter славната четворка: 75-годишната Ани-Фрид Лингстад, Агнета Фалтског (71), Бјорн Улваеус (76) и Бени Андерсон на 74 години.

Британскиот таблоид The Sun пишува дека бендот снимил осум нови песни.